Во Вевчани интезивно се гради
Се користи убавото есенско време за завршни подготовки врз информативниот туристички центар, се поплочуваат улички низ селото, а се работи и на платото пред општинската зграда. Жителите се заинтересирани да ги реставрираат старите напуштени, камени куќи и Вевчани да го напаваат привлечно туристичко место за посетителите од странство и дома.
Убавото есенско време максимално се користи во Вевчани за да се завршат бројни градежни работи на повеќе локации во оваа мала општина. Зафатите на старата училишна зграда која беше запуштена и руинирана, сега се во завршна фаза за да се претвори во мултифункционален туристички центар. Со околу 1милион евра пари од УНДП овој центар ќе нуди повеќе содржини и ќе придонесе Вевчани да стане се поатрактивно рурално туристичко место, напоменува вевчанскиот градоначалник Сашо Јанкоски.
„Сигурен сум дека ќе придонесе . Ние имаваме преку лето туристи посебно во зима кога е Ввечанскиот карневал. Но, имаме мал број на сместувачки капацитет за да ги задржиме гостите. Со овој проект ќе го поттикнеме локалното население да инвестира во сместувачки капацитети за да организираме семинари во пролет и есен. Ќе имаме одлични услови за конгресен туризма ,сали за семинари каде што би се сместувале гостите во локалните ресторани и кафеани, а би доаѓале на семианри или тим билдинзи“, вели енергично градоначалникот Јанкоски.
Бројот на вевчанци што заминуваат не може да се рече дека е трајно иселување туку одат на печалба и се враќаат. Се враќаат високо образовани кадри, лекари, инжинери, правници. Вевчанци се заинтерсирани за да ги реставрираат старите огништа, куќите градени од почетокот на 20 век па навака. Има повеќе позитивни примери со реставрирани етно ресторани и апартмани кои функционираат одлично, вели Јанакоски.
„Сакаат да ги реставрираат објектите но немаат финансиски средства сами да го направат тоа. Бараат помош од општината и од УНДП“, напоменува за моменталната ситуација Јанкоски.
Деновиве, при нашата посета на Вевчани местото личи на вистинско градилиште. Механизација работи пред платото на општинската зграда каде што се гради нов плоштад. Исто така, се поплочуваат со специјални камени плочи помалку фрекфентни улици во должина од околу1 километар со што се враќа автентичниот стил на ова убаво живописно место сместено под планината Јабланица со околу 2500 жители.