Skip to main content

Во Вевчани започнаа карневалските денови

Во Вевчани започнаа карневалските денови. На карневалот беа преставени  бројни маски, од кој највпечатливи беа оние инспирирани од политичките случувања во земјава и странство.  Карневалската манифестација за отворена ја прогласи министерот за култура Роберт Алаѓозоски кој рече дека Вевчани е уникатно, а вевчанци и карневалот се носители  на отпорот,  традицијата и на демкратската борба и критичноста.

 |  Валентина Неловска  | 

Во Вевчани започна традиционалниот Василичарски карневал. Манифестацијата има вековна традиција, а во маскирањето учествуваат над 40 проценти од 2000 жители на Вевчани. Општествено политичките случувања кај нас и во светот и годинава беа инспирација за василичарите да имаат креативни и критички маски во дефилето.

Вевчанскиот карневал привлече голем број туристи од земјава, но имаше посетители од Србија, Бугарија , Турција. Покрај бројните туристи кои допатуваа во Вевчани беа присутни политичари и дипломати од странските амбасади. Сите присуствуваа со желба да се забавуваат и видат дел од вековната вевечанска традиција.

 


На свеченото прогласување на карневалската манифестација присуствуваше министерот за култура Роберт Алаѓозоски. При тоа тој кажа лично и професионално е за прв пат на вевчанскиот карневал. Вевачни е уникатно. Вевчани и карневлот се носители на отпорот и на традицијата, на демократската борба и на критичноста, на слободоумноста и на креативноста , истакна министерот Алаѓозоски.


„ Тие резонираат и со новите владини политики. . Креативни се отворени и го шират принципот за кој се залагаме демократизација на културата и општеството , освојување на нови хоризонти на критичната култура“, рече министерот Алаѓозоски.

Маските носат различни пораки, четсо и со непријани и навредливи содржини. Нивната содржина е непозната се до моментот кога учесниците од Горна и Долна мала не ги покажат на дефилето на сред село, вели вевчанскиот градоначалник Сашо Јанкоски.


“Тешко е да се изменаџира ваков настан, се одржува на отворено, тука нема сценарио и нема режија “ подвлече Јанкоски.

Вевчанскиот карневал се одржува три дена, а завршува утре со спалување на маските и со осмислување на следните за новиот карневал. Некогашната традиција дозволувала учество само на машки лица ,а од пред две децении се повеќе им се приклучваат и жени.