Во викендите и по 400 пловила има во каналот и сидриштата долж езерскиот брег
Градот нема прописна марина, а за среќа досега инспекторите од Капетанија не регистрирале поголеми еколошки нарушувања. Ова лето многу често граѓаните се прашуваат дали има еколошка анализа колку пловила може да издржи езерото од загадувањето кое го предизвикуваат моторите со внатрешно согорување.
Голем број на пловни објекти крстарат по Охридското Езеро ова лето, а во викендите се евидентираат и по 400 пловила. Скоро е невозможно при нивно полнење со гориво да нема загдување на езерските води, велат од Капетанија. За среќа досега инспекторите за внатрешна пловидба од Капетанија не регистрирале посеризони загадувања на водите иако се неизбежни се додека Охрид не добие марина и контролирано точење на гориво, вели капетан Горан Устијаноски ,од Капетанија на Пристаништат на РМ.
„Колку и да е внимателен човек при точење на гориво определена количина од горивото мора да истече. Не смееме да се криеме како ној со главата во песок дека тоа нема се случува, ќе се случува се додека не се добие нормална марина каде што ќе се минимизира и строго контролира точењето на гориво“.
Горан Устијаноски, капетан на Капетанија на Пристаништата на РМ, не може да одговори на прашањето колку пловни објекти може да издржи езерото од еколошки и биолошки аспект. Напоменува дека тие се занимаваат со техничка исправност и безбедност на пловилата. Колку може на езерото да се врши притисок со пловила, според Устијаноски, одговорот треба да го дадат од Министервото за животна средина и просторно планирање заедно со ЈНУ Хидробиолошки завод. Капетанот кажува дека тие единствено може да иницираат од новата Влада да се воведат строги технички и еколошки стандарди и да се зголемат давачките за да се обесхрабрат субјектите за купување на ефтини пловила кои ќе го загадуваат езерото, вели Устијаноски. Мора да водиме сметка да поставиме една поригорозна законска рамка, доста беа едукации и сугестии, мора да се преземат поригорозни чекори и гужвата на езерото мора да ја разредиме.
„Ние ќе дадеме предлог за ограничување на увозот на ПО кој ќе го ограничиме по година на производство или еколошки стандарди. Да не може Охридското Езеро да претставува место каде што ќе се собира Европскиот отпад, да не ми се налутат сопственииците. Ќе бидеме принудени да кажеме одредени генерации на мотори со Внатрешно согорување до кога ќе може да се употребуваат, да се заменат во определен рок, да се стави законска временска рамка до кога определени генерации мотори ќе може да се користат“.
Во книгата на Капетанија се регистрирани 2400 пловила, но сите тие не се активни. Од тој број не може да се издвојат колку пловила се регистрирани во Охрид и Струга. Во регистерот има 8 бродови, а нема најави за регистрација на нови поголеми пловни објекти.