Skip to main content

Во Волино се одржа Јавна расправа за проектот за реставрација на река Сатеска

Неодамна во просториите на Центарот на Месната Заедница во Волино, се одржа Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: „Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца.

 |  Голабовски Крсте  | 

На состанокот преставници од Министерството за Животна средина  и проектните кординатори ја презентира Студијата и значењето на истата пред засегнати страни како и жителите на село Волино.

Присутните имаа можност од прва рака со свои забелешки и сугестии да укажат по текстот на студијата.

Со проектот се предвидува враќање на р.Сатеска во нејзиното природно корито. Вкупната должина на коритото од разделната градба до вливот во Црн Дрим е 7796m и оваа должина припаѓа во две општини, општина Дебарца и општина Струга .

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk , и  во општина Дебрца.

Секое лице, органите на државната управа, градоначалниците на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, можат да го достават своето мислење, во писмена форма, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина.