Во време на пандемија сите биеме своја битка, вели психологот Калина Сотироска Иваноска
Мора во овој тежок период да се насочиме кон позитивните работи и да го одржиме менталното здравје. При соочување со големите предизвици во моментов, но и во периодот кој доаѓаа Сотироска Иваноска препорачува барање помош од психолог или психијатар.
Соочени сме пред бројни предизвици во време на пандемијата и секој ја бие својата битка во справување со реалните стравови и грижи, вели психологот Калина Сотироска Иваноска за времето кое го живееме денес. Секоја генерација се бори со специфични препреки со кои коронавирусот не помести од вообичаениот конфор на живеење. Прашање е како да се одржи доброто расположение, вели психологот. Препорката е покрај насочување кон активности кои може да си ги дозволиме во ова време на пандемија да се посвети внимение и на правилниот начин на исхрана, на одржување на хигиена, но и на внимателниот избор на вести кои доаѓаат од социјалните мрежи и интернетот.
„Важно е да издвои мал дел, да се верува и консумира еден извор на кој му веруваме од мноштвото информации до кои доаѓаме на интернет. Тие предизивикуваат анксиозност, а што добивме од сето тоа, секако нема корист и ќе се чувствуваме вознемирено, беспомошно и безнадежно“.
Сите биеме своја битка и за секој неговата планина е најтешка , вели психолот Калина Сотироска Иваноска. Возрасните лица и децата се затворени дома и ограничени во активностите , за матурантите има грижа како ќе им тече понатака животот, а сите ние сме загрижени и за егзистенцијата. Многу работи донесоа до страв, грижи и паника па се поставува прашање како да се надмине сето тоа, вели психологот. Тоа во вакво време е голем предзивик.
„Промените кои што ги доживеавме и кои допрва ќе ги доживуваме директно ќе влијаат на нашата психа. Никој не имун на ова што се случува. Потребата да се консултираат психолози и психијатри не треба да е табу тема и треба да се обратиме и да ги искористиме нивните услуги.“
Многу е важно да се живее сегашноста и да се одржи трепението, оптимистичкиот дух и смиреноста. Треба да се насочиме кон секојдневните активности, редовните оброци и зачувување на имунитетот, движење, грижа кон партнерот, децата и внуците, соседите за да се зачува менталното здравје.