Skip to main content

Во вторник предновогодишен германски базар на учениците од основните и средните училишта во Охрид

Во вторник 10.12.2024 во периодот од 17:00 до 18:30 часот пред споменикот на Св. Климент Охридски ќе се одржи традиционален предновогодишен германски базар.
 |  инфодеск  | 

На иницијатива на Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Република Македонија, а со поддршка на градоначалникот на Општина Охрид, господинот Кирил Пецаков и Гете-институтот од Скопје, како и на општествено одговорните компании ЛТХ Леарница и Костал од Охрид, вклучувајќи ги и Црвениот крст од Охрид и СВР Охрид, на ден 10.12.2024 во периодот од 17:00 до 18:30 часот ќе се одржи традиционален предновогодишен германски базар.
На базарот, со свои новогодишни ракотворби и вкусна храна ќе се претстават учениците од основните и средните училишта на Општина Охрид, кои го изучуваат германскиот јазик, но истовремено се и љубители на германската култура. 

Не ви требаат шубари и крзнo, авионски билети и луксузни сместувања. Сега е едноставно.

Ваше е  само да дојдете на охридскиот плоштад, пред споменикот на Св. Климент Охридски на 10.12.2024 во периодот од 17:00 до 18:30 часот, а нам, учениците од основните и средните училишта на Општина Охрид и цела Македонија, ни преостанува преку песни, танци и традиционални германски вкусови да ви ја пренесеме предновогодишната магија и нашата љубов кон германскиот јазик и традиција. 

Германскиот јазик е застапен во сите училишта.  Во Охрид речиси 90 проценти од учениците го изучуваат германскиот јазик, како во основните, така и во средните училишта. Благодарност до градоначалникот на Општина Охрид и Гете-институтот од Скопје кои несебично ја поддржаа иницијативата на Здружението на наставници по германски јазик.

Особен придонес за одржувањето на оваа манифестација имаат како и секогаш граѓански најодговорните компании КОСТАЛ и LTH ЛЕАРНИЦА од Охрид, како и Црвениот крст од Охрид и СВР Охрид кои ќе се грижат за безбедноста на сите присутни.

Сите тие во оваа манифестација препознаа настан кој допрва ќе расте. Предновогодишните базари на наставниците по германски јазик стануваат традиција. Тивко, но сепак силно се наметнуваат во предновогодишните збиднувања во градовите ширум Македонија.“, порачуваат организаторите.