Седница на влада
Во вторник започнува исплатата на мартовските пензии
На 28-ми март ќе започне исплатата на мартовските пензии, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Владата на последната седница донесе одлука со која на банките им се препорачува предвремено да ја започнат исплатата на пензиите.
Според планот за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.03.2023 година (вторник); за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2023 година (среда).
Додека пак за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2023 година (четврток) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2023 година (петок), рекоа од Владата.


