Skip to main content

Во земјава сè уште е ниска свеста за органодарување

И покрај силната кампања, мал број граѓани се одлучуваат на ваков потег.
 |  инфодеск  | 

Органодарителството во земјава се уште е во зародиш. Свеста е ниска и нема доволно донори. Дарувањето органи се смета за хуманост без граници, во моменти кога се губи најмилиот, да се носи одлука да се дари живот некому кому лекарите му прогнозирале месеци или денови до смртта.

Во земјава има неформален список од лица кои се изјасниле дека сакаат да бидат органодарители во случај на смрт, но и покрај таква изјава согласно законот последната одлука ја носи најтесното семејство.

„Многу малку се зборува на оваа тема, во земјава има закон за трансплантации според кој сите ние сме органодарители, освен ако некој изричито сака да завери белешка кај нотар дека не сака да биде органодарител. Додека сме живи и здрави дека треба да зборуваме во кругот на семејството дека доколку нашиот живот прерано згасне на Карил кога медицинскиот тим ќе праша, семејството да се согласи. Затоа апелираме да оставиме аманет ако умреме тоа што е здраво да се донира.“- вели Ирена Ралева Најдевска поддржувач на НЗ Храбро срце.

Дваесет пациенти со механичка поддршка на срце чекаат транспллантација, ваков оперативен зафат се уште не е направен во земјава. На листата на чекање за трансплантација на органи има многу млади пациенти, но за жал мал е бројот на донори.

„Досега за жал од овие 11 трансплантации кои се направени нема ниту еден пациент со веќе вградена механичка потпора тука е и мојот 32 годишен сопруг којшто од 2019 година е на двојна механичка поддршка немаше воопшто трансплантации и единствената можност да се дочека трансплантација беше вградување на мост до трансплантација. Овие пациенти се на многу млада возраст од 26 до 48 има многу млади пациенти кои единстеван шанса за својот живот ќе добијат само пркеу согласност на семејствата кои ќе се сложат да ги донираат органите од починатите.“ – вели Ралева.

Досега во земјава се извршени 11 успешни трансплантации на срце од починати донори, но уште дваесеттина пациенти чекаат храбра одлука за органодарителство и шанса за живот.

Новинар Соња Рилковска