Skip to main content

ЈП Водовод – Охрид

Водата во и околу мерното место ОУ „Христо Узунов“ е исправна за пиење, потврдуваат анализите од ЈЗУ ЦЈЗ Охрид

Најново соопштение од ЈП Водовод.
 |  инфодеск  | 

ЈП ВОДОВОД Охрид ги известува жителите во и околу мерно место ОУ„Христо Узунов“ Охрид дека се укинува забраната за пиење на вода, односно по добиените резултати од повторената анализа на водата за пиење во и околу ОУ „Христо Узунов“ направена од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Охрид, потврдено е дека водата е исправна за пиење.