Skip to main content

Водата за пиење во Охрид нема да се испитува – Михаилов

Ќе престане да се испитува водата за пиење во Охрид. Тоа ќе се случи поради долг на МЈП „Проаква“од 3 милиони денари, кон Центарот за јавно здравје, изјави директорот Атанаско Михаилов. До тоа нема да дојде, смирува директорот на МЈП Проаква.

 |  Николоска Биљана  | 
voda
вода

mihailovНајновите вработувања во МЈП „Проаква“, го налутија директорот на Центарот за Јавно здравје Атанаско Михаилов. Тој се закани дека во Охрид ќе се случи прекин на испитување на квалитетот на водата за пиење, бидејќи на Центарот неопходни му се средства за набавка на основните материјали  за вршење на испитувањата. Според Михаилов, не може едно Јавно Претпријатие кое има голем долг кон институциите да вработува нови партиски војници.

„Како раководител на едно ЈП, морам да кажам дека, вработувањето на луѓе без никаква причина во претпријатие кое што долгува огромни средства и кон институции кои што зависат од работењето на ЈП како што е Центарот за јавно здравје, претставува чин на уште едно уривање и уништување на јавните претпријатија. Долговите на МЈП Проаква кон Центарот изнесува 3 милиони денари. Заначи со месеци па и години не се подмируваат долговите а ЈП е финансирано за неговото работење од Центарот за јавно здравје – вели Михаилов.

starkoskiНема да дојде до прекин на испитување на водата за пиење, убеден директорот на МЈП „Проаква“, Златко Старкоски. Тој признава дека должат на Центарот за јавно здравје, но сепак вели дека сликата е малку поинаква од таа што некој сака да ја прикаже. Од нивна страна било предложено надминување на проблемот, тврди Старкоски.

„Ние имаме големи побарувања и поголеми отколку што ние должиме кон Центарот за јавно здравје од болницата Св. Еразмо и Општата болница Охрид. Така да мислам и истото беше понудено на г-динот Михаилов да направиме цесија или компензација и во целост да го затвориме долгот“ – истакна Старкоски.

30-тината нови вработувања во МЈП Проаква , Старкоски ги правда со воведувањето на водоводни линии во руралните средини и промена на водомерите во Љубаништа, Трпејца, Лескоец, Ливоишта, Вапила и Горно Лакочереј. Поточно времено вработиле мештани на тие села, кои не само што ќе ги читаат водомерите и доставуваат сметки туку ќе имаат и дополнителни ангажмани како што е сервисирање и поправка на водоводната линија.

{loadposition content9}