Skip to main content

Несоодветно чуваните пијалоци кои се во ПЕТ амбалажа, темпирана бомба

Граѓани  реагираат дека во маркетот Рамстор  несоодветно се  чуваат вода и пијалоци во пластична амбалажа на температура над 30 степени, изложени на сонце и светлина. Стручњаците велат дека никако не смее да се случуваат вакви пропусти кои можат сериозно да го загрозат здравјето на купувачите.  Од дирекцијата на синџирот маркети Рамстор пак тврдат дека воопшто не се случувало подолг временски период вода и други пијалоци да се чуваат на сонце.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Несоодветно чуваните пијалоци кои се во ПЕТ амбалажа, темпирана бомба. Граѓаните можеби во детали не го знаат ХАСАП системот и што се тој треба да содржи но можат да забележат кога со некои производи се постапува како што не треба. До редакцијата на ТВМ пристигнаа реакции од граѓани за несоодветно чување вода и пијалоци во пластична амбалажа. На температура од над 30 степени, изложени на сонце и светлина и дополнителна топлина која доаѓа од надворешни единици на клима уред се чуваат цели палети со вода и безалкохолни пијалоци пред влезот на маркетот Рамстор во Охрид. Граѓаните својата реакција ја поткрепуваат и со фотографии. Ваква слика не е рткост за малите малски продавници, но кога станува збор за големи маркети на познати брендови потрошувачите очекуваат поголема дисциплина во спроведувањето на стандардите за квалитет на храна.  Стручњаците велат дека никако не смее да се случуваат вакви пропусти кои можат да го загрозат здравјето на граѓаните.

Било кој прехрамбен производ кој е во ПЕТ амбалажа и е оставен подолго време на  извор на светлина и температура повисока од 25 степени целзиусови е штетен по здравјето на луѓето, вели  спец. по санитарна хемија и броматологија, Сашо Точко.

Точко кажува дека на секоја декларација на производите пишува дека треба да се чуваат на ладно и темно место.  Кога ПЕТ амбалажата е изложена на високи температури и сончева светлина испушта штетни материи и тоа АНТИМОН И БИСФЕНОЛ А. Антимонот е тежок метал  кој делува негативно на белите дробови и срцето како и на дигестивниот систем. Бисфенолот А е синтетичка супстанца која делува штетно на ендокриниот систем.

Ако производите ги задоволуваат стандардите одат во продажба, а ако не се повлекуваат. Но, треба да се контролираат и при продажбата во какви услови се чуваат и дали ги зачувале своите хемиски и органски својства. Оние кои ги продаваат производите треба да внимаваат совесно и одговорно да ги чуваат и складираат, објаснува Точко.

Од дирекцијата на синџирот маркети Рамстор велат дека воопшто не се случувало подолг временски период вода и други пијалоци да се чувале на сонце во надворешниот дел од маркетот во Охрид. Додаваат дека  за време на големите државни празници, и летната сезона  кога во градот се најголемите гужви побарувачката била најголема, а со тоа и доставата на производи. Признаваат дека за време на доставата  одредени производи  биле  поставувани во надворешниот дел од маркетот пред да бидат поставени во фрижидерите или на рафтовите.  Велат дека на овај чекор биле приморани, бидејки од градските власти имале притисок во екот на сезоната да не ја чуваат робата на местото за прием бидејки маркетот е во централно градско подрачје. Од Рамстор тврдат дека ги запазувале сите стандарди за манипулирање со храна.

Инаку,ТВМ се обрати и до Аганцијата за храна и ветеринарство која воведуваше засилени контроли во туристичките места пред почетокот и за време на туристичката сезона. Со вонредните контроли биле опфатени и маркетите. Побаравме информции од Агенцијата дали биле констатирани недоследности кои се однесуваат на несоодветно чување и манипулација со храната во Охрид. Од Агенијата ни ветија информации во следните неколку дена поради преобемноста на материјалите и записниците на инспекторите од терен.

{loadposition content9}