Skip to main content

Без вода неколку часа ќе бидат жителите на Стар град и населбата Бараки

Водоснабдувањето ќе биде нормализирано по целосното завршување на санацијата на дефектите.
 |  инфодеск  | 
Прекин вода

Поради настанати дефекти на водоводната мрежа, денеска повеќе часа без вода ќе бидат корисниците од стариот дел на Охрид и од населбата „Гоце Делчев“ (Бараки).

Корисниците од стариот дел на градот се без вода од 10:00 часот, додека прекинот во населбата „Гоце Делчев“ започна во 09:00 часот.

Екипи на ЈП „Водовод Охрид“ се на терен и работат на санација на дефектите.