Skip to main content

Апел од општина дебрца

Водата да не се користи за наводнување

Од Општина Дебрца со апел до жителите, водата што е наменета за пиење да не ја користат за наводнување на земјоделски површини.
 |  инфодеск  | 
Апел

Имајќи во предвид дека водата за пиење претставува скапоцен ресурс и дека треба рационално и одговорно да се троши, апелираме до граѓаните да не ја користат водата што е наменета за пиење за наводнување на земјоделските култури, тревници и дворни места, особено во овој период од годината кога има зголемена потрошувачка, велат од Општина Дебрца.

Капацитетот на доводните цевководи и резервоарите за вода не е предвиден за наводнување на земјоделски култури, туку единствено за пиење и за потребите на домаќинствата.

Ненаменското трошење на водата за пиење доведува до недостиг од вода за домаќинствата, особено за оние кои се во повисоките зони на населените места.