Skip to main content

Бездомник ноќите ги минува надвор на минусни температури

Води ли некој грижа за бездомниците во Охрид?!

Има ли служби во градов кои се грижат за овие лица? Води ли некој сметка за нив, но и за имиџот на градот? Не оставаме ли слика на бездушност и негрижа?, прашува наша сограѓанка.
Бездомник

И на минусните температури кои деновиве ја зафатија Македонија, бездомникот во Охрид ноќите ги поминува надвор. Чести беа фотографиите од него во летниот период, а тогаш беше стациониран пред угостителските објекти на кејот.

Има ли служби во градов кои се грижат за овие лица? Води ли некој сметка за нив, но и за имиџот на градот? Не оставаме ли слика на бездушност и негрижа? – прашува нашата сограѓанка Ели Д, која ги испрати фотографиите до нашата рубрика „Ти си твојот град“.