Skip to main content

Се е подготвено за големиот христијански празник „Богојавление-Водици“

Четиридневно славење по повод големиот христијански празник „Богојавление-Водици“. Годинава тоа ќе биде надополнето со нови содржини

 |  Јаковлева Лионела  | 
vodici
водици

Се е подготвено за големиот христијански празник „Богојавление-Водици“ и Денот на рибарите . Годинашното славење ќе биде надополнето и со нови содржини кои ќе се реализираат во соработка со Локалната самоуправа, хотелско угостителскиот еснаф и бизнис заедницата. Прославата започнува со концерт на балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ во салата на спортско рекреативниот центар“Билјанини извори“ кој ќе се одржи во петок на 17-ти јануари. Билетот во предпродажба чини 300ден., а на врата 350ден. На 18-ти јануари во ЦК “Григор Прличев“ концерт ќе одржи хорот“Св. Злата Мегленска“ со почеток во 19 и 30. Од Секторот за туризам и локален економски развој велат дека богатата културно забавна понуда е вистинската формула за привлекување голем број гости за овој празничен викенд во Охрид.


90 отсто од хотелите имаат намалени цени од 12 евра за ноќевање со појадок, а намалувања има и во угостителските објекти. Целта е да се привлечат што поголем број туристи и да се продолжи зимската туристичка сезона, вели Ѓоко Апостолов-раководителот на ТЛЕР.водици


На 19ти јануар е предвидена богата програма со настап на познати охридски тајфи. Најсвечениот чин, фрлањето на крстот ќе се случи во 10 часот и 15 минути на градското пристаниште. Досега се пријавени околу 1000 капачи од кои 300 се странци. Се очекува на Водици во градов да има голем број гости и од соседните држави за што веќе има најави.


Оваа година сме најдобро подготвени и манифестацијата си го добива својот вистински лик. Овие десетина дена градов живее во духот на Водици, вели Димитрије Пендов-потпретседател на здружението „Богојавление“.


На 20ти, традиционално манифестацијата на Сараиште ќе започне со групното крштевање во 13 часот , а за 15 часот е планирано фаќањето на бурето со вино. Годинава, донатор на рибната чорба  е хотелот „ Ројал“.  Ќе бидат подготвени околу 7 илјади оброци рибна чорба и еден тон плашици, од кои дел заедно со Црвен крст ќе бидат дистрибуирани до детските градинки, здраствените установи и социјално ранливите групи граѓани.

{loadposition content9}