Skip to main content

Водите на охридските капалишта чисти

Капалиштата на охридското езеро безбедни за рекреација.

 |  Валентина Неловска  | 
voda
voda

Температурата на водата во Охридското езеро изнесува 20 степени целзјусови. Се поголем е бројот на капачи кои спасот од високите температури го бараат во езерските води. И годинава капачите  ќе се безбедни и ќе можат спокојно да спортуваат  и да се рекреираат. Во прилог на љубителите на пливањето и водените спортови одат резултатите од  последната анализа направена во  Центарот за јавно здравство. Екипите од Центарот зеле мостри од 30 мерни места, в долж охридското и струшкото крајбрежје, за да го испитаат хемискиот и микробилошкиот квалитет на водата, информира бромологот Сашо Точков .

плаза„Констатирано е дека 97 посто од сите анализи на примероците кои се од прва и втора класа. Останува она што со години го повторуваме дека водите од реките Коселска, Сатеска и Велгошка кои се влеваат во езерото се со лош хемиски и микробиолошки квалитет и припаѓаат на трета и четврта категорија“.

Покрај безбедното спортување и рекреирање во езерските води,  Охрид се снабдува и со исправна вода за пиење, потврдува Точков.

„ Анализите на јавните чешми и градскиот водовод се вршат редовно и нема нарушување на квалитетот на водата за пиење. Билјанини извори се контролираат редовно, квалитетот на водата е променлив, но последните контроли покажаа дека таа е исправна за пиење“.   

Во јули, во екот на сезоната ќе се направи уште една анализа на капалиштата на езерската  вода. Се очекува да има мало опаѓање на квалитетот, но без поголемо нарушување на категоријата на водата за капење, нагласува Точков. Тој додава дека за една недела ќе се земат примероци за испитување на  квалитетот на водата од црквичката Св. Петка во комплексот Св. Наум.  Во моментов водата во овој комплекс се хлорира и е безбедна за пиење.   

{loadposition content9}