Skip to main content

Водостојот на Охридското езеро се намалува

Водостојот на Охридското езеро се намалува.

 |  Валентина Неловска  | 

Нивото на Охридското езеро се намалува. Во моментов  водостојот на Охридското езеро е намален и изнесува 3 см на водомерната летва со тенденција на намалување. Состојбата се должи на временските прилики и недостатокот од врнежи во месец ноември и декември, информираат од одделението за водостој при  Управата за хидрометереолошки работи. Во ноември се забележани 76 м2 дожд кој е под просек за периодот од 1982 до 1990 година кој изнесувал 94 литри на м2, посочува раководителот на одделението за водостој на површински м-р Васко Стојoв.

„Во месецот кој изминува на станицата има забележано само 1 литар на метар квадратен паднат водена количина. Вредност која е далеку  под просекот  за периодот од 1981 до 2010 година и која изнесува 81 литар на м2. Ваквата состојба со врнежите директно влијае врз нивото на езерото, очекувана е ваква состојба“ вели Стојoв.

Во зимските месеци нивото на езерските води ќе опаѓа и тоа е очекувано затоа што има слаби  врнежи од дожд  и ниски температури. Друг момент кој влијае врз нивото на езерото е производство на електричната енергија.

„Од ЕЛЕМ добиваме информација дека хидроцентралата Глобочица работи нормално и од Охридското езеро истекуваат 20 до 25 м3 во секунда и нормално и допринесуваат за намалувањето на нивото на езерото“, велат од Управатa за хидрометеролошки работи.

Во законски рамки дозволен минимум за производство на елетрична енергија е -17 цм кажува Стојoв. Во минатото биле забележани и полоши состојби, но Елем го контролира производството и очекувано е да ја затвори браната доколку има потреба , нагласува м-р Стојов ракводител на одделнието за водостој при Управата за хидрометереолошки работи.