Skip to main content

Температурата на водата е осум степени

Водостојот на Охридското езеро зголемен за 4 сантиметри

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,25 метри надморска височина, што е за 24 сантиметри пониско од просекот за март.
 |  инфодеск  | 
Охридско езеро

Благодарение на врнежите од дожд во изминатата недела, водостојот на Охридското Езеро порасна за четири сантиметри, но се уште е далеку под просекот за овој период од годината.

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,25 метри надморска височина, што е за 24 сантиметри пониско од просекот за март.

Иако минатата недела имаше врнежливи денови, генерално временските прилики се се уште неповолни со мошне малку врнежи што придонесува за нискиот водостој.

Температурата на водата е осум степени Целзиусови, што е во рамки на просекот кој изнесува 7,8 степени.