Skip to main content

ЈП ВОДОВОД Охрид апелира рационално и внимателно да се користи водата за пиење

Од ЈП ВОДОВОД Охрид информираат и дека  започната е  акција  за исклучување на бесправни  приклучоци, во присуство на комунален инспекторат  при  Општина Охрид .
 |  инфодеск  | 

ЈП ВОДОВОД Охрид испраќа апел до сите корисници, рационално и внимателно да ја користат водата за пиење.

-Во деновите што следат, со екстремно високи температури како и исполнетоста на градот со туристи, особено  во периодот од 17:00 до 21:00 часот   кога потрошувачката на вода е екстремно  голема ,  да се избегнува наводнување на поголеми површини (бавчи, ниви и паркови), полевање на дворови и улици, полнење базени и сл. со цел да се избегне нестабилност во водоснабдувањето, односно водата наменски да се користи како сите жители би имале непрекинато водоснабдување , велат од јавното претпријатие.

Од ЈП ВОДОВОД Охрид информираат и дека  започната е  акција  за исклучување на бесправни  приклучоци, во присуство на комунален инспекторат  при  Општина Охрид . Целта е заштита на системот за водоснабдување, граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието, во согласност со  законската регулатива, велат од Водовод.

Бесправните приклучоци се забранети со Закон (член 23 од Закон за водоснадбување) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината  (Закон за водоснадбување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на бесправен приклучок ќе биде поткрената соодветна постапка .

Од ЈП ВОДОВОД Охрид, потсетуваат дека со бесправните приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во градот и околината.