Се поставува нова водоводна линија на крак од ул. АСНОМ
Се подобрува водоснабдувањето на жителите на ул АСНОМ.
Екипи на ЈП „ВОДОВОД“ Охрид започнаа со изведба на нова водоводна линија на крак од улицата “АСНОМ”.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф160 мм во должина од 80 метри.


