Skip to main content

СВР Охрид

Волинчанец физички нападнал фудбалер од ресенско Грнчари по фудбалски натпревар од третата фудбалска лига

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
 |  инфодеск  | 
Волино рурален развој

На 13.04.2025 во 22 часот во селото Волино, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишиле 43 годишно лице од истото село. Тој, по завршување на фудбалски натпревар од третата фудбалска лига одржан во Волино, физички нападнал 25 годишно лице од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.