Skip to main content

Црвен крст Охрид

Волонтерите од Црвен крст Охрид делеа шишиња вода и мереа притисок на повозрасните граѓани

Активностите на младите волонтери ќе продолжат и во наредните денови.
 |  инфодеск  | 

Mладите волонтери од Клуб на Млади на Црвен крст Охрид делеа флаери со совети за превенција од топлотен бран и шише вода.

“Вниманието најмногу го насочија кон повозрасните лица и хронично болните кои се во поголем ризик во ова топло време на кои, покрај тоа што им беа дадени препораки за заштита од топлото време, им беше и измерен крвниот притисок. “. – велат од Црвен крст Охрид.

Оттаму уште еднаш потсетуваат на препораките за заштита на здравјето во услови на високи температури.

За време на најтоплиот период од денот (од 10 ч. до 17 ч.):
🔸 избегнувајте напорни физички активности на сонце
🔸 постојано внесувајте течности
🔸 избегнувајте мрсна калорична храна
🔸 носете светла лесна облека и заштитни очила и капа.

Активностите за превенција од топлотен бран на младите од Црвен крст Охрид ќе продолжат и во наредните денови.