Волонтерите од Општа болница Охрид добија решение
77 волонтери од Општа болница Охрид, денес добија решенија за работа на неопределено работно време.
77 волонтери од Општа болница Охрид, денес добија решенија за работа на неопределено работно време. Потпишувањето на договорите следува по носењето на Законот за трансформација во редовен работен однос во јавното здравство кој се изгласа во февруари годинава. Довчерашните волонтери не ја криеја неизмерна радост и солзи во очите, а имаше и такви кои донесоа торта за да биде блага работата.
„Скоро 12 години бев волонтер со договор на дело. А сега моменатално сум многу благодарна од премиерот Никола Груевски, Никола Тодоров и нашиот директор што ни ја овозможија денес оваа голема радост. Благодарение на владата на РМ што реши еден голем проблем после толку волонтери се реши сега конечно. Едно големо животно прашање на овие луѓе. Вработена сум на 16 април 2007 и ова денес многу ни значи благодарениe на премиерот што го донесе овој закон за нас за овие луѓе за овој народ“ – велат волонтерите.
Горд сум што се реши неправдата која години наназад се провлекуваше низ Болничките установи во земјава, истакна првиот човек на болницата Љубен Арнаудов
„Веќе луѓето нема да земаат по 4, 500 денари плата туку како сите други вработени во болницата со тоа се исправува неправдата, а се надевам дека мотивот ќе се зголеми кај вработените и желбата за работа“– вели Арнаудов.
Согласно новите законски норми сите волонтери потпишуваат договор во три групи, првата почнува веднаш со работа, втората група од декември месец а третата од септември 2016 година, појаснува Арнаудов. Во општа болница Охрид остануваат 15 волонтери кои не го запазувале договорот, со нив ќе биле прекинати договорите бидејќи така налага законот, додава директорот. Во иднина како што нагласи Арнаудов во болницата по потреба ќе се склучуваат договори но со претходно одобрување на министерството за финансии не повеќе од 6 месеци.
{loadposition content9}