Клуб на Млади на Црвен крст Охрид
Волонтерите на Црвен Крст Охрид дел од свечената матурска вечер на лицата со посебни потреби
Настанот се одржа во Ресен, и на истиот учество зедоа 15 млади волонтери од Клубот на млади кои три часа се дружеја, играа, пееја и се забавуваа со специјалните гости на вечерта.
Волонтерите на Црвен Крст Охрид и оваа година, по трет пат, беа дел од свечената матурска вечер посветена на лицата со посебни потреби, која е во организација на Tim Tebow Foundation, под име “NIGHT TO SHINE”.
Настанот се одржа минатиот петок на 9 февруари во Ресен, и на истиот учество зедоа 15 млади волонтери од Клубот на млади кои три часа се дружеја, играа, пееја и се забавуваа со специјалните гости на вечерта.
„Ни причинува огромно задоволство што волонтерите од Клубот на Млади на Црвен крст Охрид имаа повторно прилика да ја почувствуваат магијата на овој настан и со овие личности заедно да ги делат насмевките.“ – велат од Црвен Крст Охрид.