Skip to main content

Волонтеризам или акцијаштво- на потег младите

На иницијатива на група охридски учесници на некогашните младински сојузни акции, во Охрид, се формира граѓанското здружение „Брег на младоста“.

 |  Валентина Неловска  | 
bri
bri

На иницијатива на група охридски учесници на некогашните младински сојузни акции, во Охрид, се формира граѓанското здружение „Брег на младоста“. Станува збор за клуб кој на волонтерска основа ќе ги спојува младите луѓе кои сакаат да учествуваат во работни акции. Доброволното ангажирање на младите во изградба на капитални објекти беше карактеристично за просторите на поранешна Југославија. Сега оваа форма на работно ангажирање, пред се на младите луѓе, е прифатена во Европа и светот, вели еден од иницијаторите на здружението Љупчо Милкоски. ОН минатата година ја посвети како година на волонтеризмот, а на овие простори тоа има длабоки корени, укажува Милкоски, кој бил организатор и на работната акција во 1984 година во Охрид.

 „Акцијаштвото или волонтеризам е она што клубот го спојува со сите иницијативи што се и кај нас и во Европа, па и во меѓународни рамки. ОН одбележаа лани 10 година од воведување на волонтеризмот. Ова е приклучок на сите активности кои може и треба да ги осетат младите со јака врска која била присутна на овие простори“, истакна Милкоски. udarnici

На основачкото Собрание на здружението „Брег на младоста“ присуствуваа голем број приврзаници на оваа идеја, а имаше и бригадири од некогашните работни акции во поранешна Југославија. Меѓу гостите беше и бригадирот Сенат Мемиќ од Сараево, учесник на сојузната младинска работна акција во Охрид. На работните акции некогаш младите луѓе учеа да бидат дисциплинаирани, како да се однесуваат во работата и надвор од неа, се сеќава Мемиќ. Младите беа конструктивни и покажуваа што знаат и умеат. Во многу градови од поранешна Југославија денес се формираат вакви работни клубови и здруженија, нагласува Мемиќ.

Ние се заземаме да ја вратиме доброволната работа. Волонтеризмот во светот е присутен и кај младите и кај старите. На овие простори мора да докажеме дека волонтеризмот постои секаде во светото и дека треба да го вратиме тука, а младите да ги тргнеме од улица и да им овозможиме да се креативни и да се дружат.“

 Милорад Ѓорѓевиќ од Белград, допатува за да даде поддршка на клубот. Тој исто така е поранешен бригадир на работната акција во Охрид. Од 2009 година во Белград постои ваков клуб, а минатата година во Врњачка Бања се одржа и работна акција, раскажува Ѓорѓевиќ. Се трудиме да ја омасовиме организацијата и да привлечеме што повеќе млади луѓе, вели гостинот од Србија.

 „Има интерес кај младите, но се препуштени сами на себе. Во нашето време имаше организација која не насочуваше. Во Србија таква оргнизација нема, а не се сите политички определени и не сакаат да се бават со политика. Тие деца се обидуваме да ги собереме и да ги насочиме да прават нешто позитивно“, потенцира Ѓорѓевиќ.

 Вакви клубови се формирани и во повеќе градови низ Србија, Хрватска, Словенија и БиХ. Охридското здружение е прво во Македонија. На основачкото Собрание беа избрани органите на здружението, стаутот и Правилникот за работа. За претседател на Здружението „Брег на младоста“ е избран Зоран Стевоски, поранешен учесник на сојузни работни акции и иницијатор на работната акција Охрид 1984.

{loadposition content9}