Со изведба на Новогодишните песни, дечињата од „Распеано рибарче“, го најавија завршниот настан од традиционалната хуманитарна акција на Црвен крст Охрид, „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ кој вчера се одржа во Ohrid Mall.

Бројни хумани граѓани, институции, здруженија, поединци, се вклучија во оваа хуманитарна акција, исполнувајќи ги новогодишните желби означени во волшебните лампиони и обезбедија соодветни подароци кои волонтерите на Црвен крст Охрид ги доделија на повеќе од 80 дечиња што живеат во социјален ризик.,

Дечињата не ја криеја својата возбуда и задоволство од добиените подароци и можноста да се сликаат со Дедо Мраз.


Од Црвен крст Охрид изразуваат благодарност до партнерот во оваа акција Ohrid Mall, до сите основни училишта во Охрид и Дебрца за соработката и благодарност за учеството и поддршката во организирање на оваа акција на сите поединци, институциите, здруженија.

Посакуваме Среќна Нова Година и нека хуманоста и дарувањето биде ваш императив и во Новата 2026 година, порачуваат од Црвен Крст Охрид.