![](/wp-content/themes/yootheme/cache/b4/efd1ddcc-be2f-433f-ba29-2262c70f243b-e1716547255139-b4f7dd4b.jpeg?x67484)
Специјално само за најмладата публика во Охрид, на 26.05.2024 (недела) со почеток во 11:30 часот во големата сала во НУЦК Григор Прличев – Охрид ќе биде одиграна волшебната претстава за деца „Црвенкапа”.
Станува збор за претстава која ги полни салите низ цела Македонија, и истата е надополнета и со неколку новокомпонирани детски музички песни кои се специјално создадени за оваа претстава, и истите пред публиката заедно со дечињата ќе ги отпеат нивните омилени театарски ликови од оваа волшебна сказна. На крајот од претставата дечињата ќе се сликаат со Црвенкапа и волкот.
–Претставата со сигурност ќе создаде волшебни, детски спомени во секое детско срце, а воедно ќе ги потсети родителите на дечињата на времето кога и тие беа деца, и уживаа во театарската магија, велат организаторите.
Сите кои сакаат да ја проследат театарската претстава може да си резервираат билет 24/7на телефонскиот број на театарската продукција 24/7 на 078/ 66-77-97. Резервирајте веднаш, додека сеуште има билети!!! Резервирајте веднаш додека сеуште има билети!
Latest Охрид
![](https://tvm.mk/wp-content/uploads/angwp/items/98535/ttg-hero-baner.jpg?x67484)