Од Јавната установа Национален парк Галичица Охрид денеска извршиле вонреден увид на терен во АК Градиште, по вчера изнесените наводи од страна на Здружението на граѓани Оревче од с. Пештани. Пештанци на прес конференција обвинија дека во АК Градиште интензивно се гради иако имало решенија за отстранување на 25 нелегални објекти утврдени од Општинскиот градежен инспекторат и дека не се дозволувал приод на надлежни институции.
„На 01.04.2022год Јавната установа Национален парк Галичица изврши вонреден увид на самото место и беше установено дека не станува збор за нови градежни активности. Имено, станува збор за активности за чистење на пречистителната станица и замена на дотраени цевки и материјали со нови, со што се овозможува непречено функционирање на истата. Исто така, утврдено е дека има и активности за чистење на отпад и вегетација во склоп на подготовките за претстојната туристича сезона. Увидот е извршен непречено и во присуство на управителот на Авто камп Градиште.“– информираат од Јавната установа Национален парк Галичица.
Portal TVM brings Ohrid news with deep coverage.