Вонредна крводарителска акција
Во туристичките места на различни локалитети се одвиваат вонредни крводарителски акции во летниот период. Организаторите Заводот за нефрологија Струга и Општинската организација на Црвен Крст Охрид задоволни од одзивот на хуманите граѓани кои даруваат од најскапоцената течност која спасува живот.
Екипи од станицата за трансфузиона медицина при заводот за нефрологија Струга, заедно со ОО на Црвениот крст Охрид, денес организираа вонредна крводарителска акција. Таа се одвиваше во Охридската гимназија „Св Климент Охридски“. Акцијата е вонредна бидејќи во време на летни одмори се намалува бројот на редовни крводарувања, вели д-р Гоце Попоски специјалист по трансфузиона медицина.
„Во летните месеци заради тоа што сме туристички места имаме зголемена потреба од крв па можат да даруваат крв во станиците за трансфузиона медицина во Охрид, Струга, Заводот за нефрологија, во секое време се добредојдени“ – вели Попоски
Тој напоменува дека речиси секоја година на крводарителските акции бројот на единици крв се зголемува и ги надминува нивните очекувања.
„Планот предвидува 3% од населението да дарува на ниво на општина, зборувам за општина Струга, минатата година беше над 100 од планот остварен годинава можеби и повеќе ќе биде, немаме недостиг од крв досега редовни ги снабдуваме на оние кои што им е неопходна крвата“
Д- р Попоски нагласува дека во текот на годината организираат и редовните акции во училишта и по институциите од каде се задоволни со собраните единици на крв. Тој категоричен дека досега не се случило да нема недостиг на крв, но сепак, вонредните акции имаат цел да ги надополнат резервите поради зголемена фрекфенција на пациенти посебно во летниот период.
{loadposition content9}