Skip to main content

Амамот Воска нов галериски простор во градов

Центарот за културен проток АртЕрија, во соработка со Завод и музеј по втор пат им го отвараат Амамот Воска на граѓаните и сите намерници. Во него ќе бидат изложени прекрасни мозаици со најразлични мотиви.

 |  Јаковлева Лионела  | 
mozaici
мозаици

 

18 прекрасни мозаици изработени од 15 уметници од нашава земја и соседна Србија од вечерва ќе бидат ставени пред очите на охридската публика. Овие неповторливи уметнички дела, изработени од разнобојни камчиња кои создаваат една прекрасна целина се поставени во Амамот Воска. Овој автентичен амбиент со мозаиците во него ќе ги врати посетителите во времињата назад кога овој амам бил масовно посетуван од жените кои се разубавувале таму и уживале во миговите кои биле само нивни, вели Ели Аин, раководителот на центарот за културен проток, АртЕрија. Овој нов изложбен простор членовите на АртЕрија во соработка со Завод и музеј по втор пат им го отвараат на граѓаните и сите намерници.mozaici

Најголем дел од уметниците кои ги изложија своите дела во Воска Амам изработуваат само мозаици. Оваа древна техника на уметничко изразување е многу тешка и сложена, но истовремено и безвременска.Најстарите мозаици во боја, изработени од глинени топчиња, се пронајдени во Вавилон и потекнуваат од IV век п.н.е. Како значајно средство за изразување, мозаиците биле застапени и во  римската уметност и тоа пред се, подните мозаици. Мозаиците имале значење и во ранохристијанската и во византиската уметност. Со употреба на златни плочки мозаиците добиле нови карактер и пред се се користеле за украсување на таваните  и ѕидовите . Мозаиците ги имало во најдамнешни времиња , а еве се изработуваат и до ден денес.

Изложбата ќе биде поставена до почетокот на декември, а потоа ќе следуваат и други поставки организирани од АртЕрија кои ќе бидат изложени во куќата на Робевци. Во тек се преговорите со уметниците и изработката на програмата, вели Аин и додава дека предвреме не сака многу да зборува за идните планови. Таа вели дека како здружение и понатаму ќе се залагаат за заживување на културно уметничката сцена во Охрид.

{loadposition content9}