Воска Спорт новата сезона од ВМФЛ ја отвора денес против Гостивар
ФК Воска Спорт новата сезона од Втората македонска фудбалска лига ја отвора денеска против Гостивар на гостински терен.
| | Охрид
ФК Воска Спорт новата сезона од Втората македонска фудбалска лига ја отвора денеска против Гостивар на гостински терен. Натпреварот започнува во 16 часот.
Инаку, Воска Спорт е вистински хит ова лето во македонскиот фудбал. Иако до вчера беше во Трета лига, изминатиот период во контролните натпревари ги победуваше Македонија ЃП, Борец, етаблирани наши прволигаши, а си поигруваше и со клубови од Елитната лига на Албанија.
Јавноста ја потенцираше екипата на Воска Спорт како една од фаворитите за самиот врв на табелата и пласман во Првата фудбалска лига на Македонија.