Воска Спорт оди на победа против Вардар во Скопје
Во третото коло од Втората македонска фудбалска лига, екипата на ФК Воска Спорт од Охрид ќе игра против тимот на ФК Вардар.
| | Охрид
Денеска ќе се одигра дербито на 3.коло во ВМФЛ – ЗАПАД меѓу Вардар и сегашниот лидер на табелата, квалитетниот состав на Воска Спорт. Клуб кој покажа со досегашната работа дека не се шегува и дека оди на највисок пласман сезонава.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот Борис Трајковски во Скопје со почеток во 16 часот.