Skip to main content

Конечно ќе започне реализацијата на проектот Вотерленд

Општина Охрид и ФТУ од месец мај започнуваат со реализација на проектот Вотерленд. Поради административни работи веќе една година доцнат проектните активности, но оваа пролет ќе се гради дел од пешачката патека од мостот до хотел Парк, ќе се постави туристичко информативмно биоро и ќе започнат градежните работи околу ботаничката градина. Сите овие подпроекти се дел од меѓународниот проект Виотерленд.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ohrid
охрид

 

Конечно ќе започне реализацијата на проектот Вотерленд. Уште пред една година Општина Охрид заедно со Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун го изработија овој проект со кој аплициараа до ИПА фондовите од кои добија пари за истиот, но работите закочија кај документацијата. На почетокот на оваа година беше извршена ревизија на документите кои ги доставија Општина Охрид и ФТУ и од кога беа направени некои дополнувања и корекции се премина на наредната фаза, а тоа е потпишување на договорот. До крајот на месецов треба да заврши оваа процедура, а од почетокот на мај треба да започнат проектните активности. Од ИПА фондовите за реализација на целиот проект се издвоени 600 000 евра . Од овај колач општина Охрид доби 150 000 евра.

Со овие пари планирано е да се направат 200 метри од пешачката патека од мостот до хотел Парк и модерно информатиовно бирио кое ќе биде лоцирано во центарот на градот, вели раководителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов.trska

ФТУ од овој проект доби 60 000 евра. Од нив 27 000 евра се издвоени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната, а 25 000 евра ќе бидат наменети за изградба на ботаничката градина. Во таа ботаничка градина планирано е да има зачини и лековити билки, а еден мал дел ќе биде оставен за органско производство.  За одржување на стакленикот ќе се користат одржливи извори на енергија коко што е сонцето, а со тоа ќе се оди на енергетска заштеда. Во градината ќе има и фонтана која ќе биде украс но ќе служи и за наводнување на растенијата. Градината ќе биде лоцирана позади факултетот.фту

Таа ботаничка градина ќе има и секундарна улога. Покрај неа ќе биде направена туристичка патека па туристите ќе можат да поминуваат тука и да ја посетат. Да видат какви растенија има, а ако изразат желба може и нешто да им се подготви во кујната на ФТУ, вели продеканот на ФТУ Цветко Андреески.

Проектите и на Општината и на ФТУ треба да бидат реализирани за 15 месеци од денот на потпишувањето на договорот и префралањето на парите. Раководителот на ТЛЕР вели дека соработката со ФТУ во изготвување заеднички проекти продолжува. Тој додава дека и понатаму ќе аплицираат за средства од ИПА фондовите кои ќе се наменети за развојот на туризмот во градов.

{loadposition content9}