Skip to main content

ЈЗУ Општа болница Охрид

Воведени хистероскопски интервенции на Одделението за Гинекологија и акушерство во болницата во Охрид

Пациентките добиваат современа грижа: Охрид меѓу првите во регионот со напредна хистероскопска процедура
 |  инфодеск  | 

Од ЈЗУ Општа Болница Охрид информираат дека на Одделението за гинекологија и акушерство започна со употреба на нов, најсовремен хистероскопски апарат, а ваков тип на процедура е извршена за прв пат не само во Општина Охрид, туку и во околниот регион.

Инаку, оваа значајна набавка претставува голем чекор напред во унапредувањето на гинеколошката здравствена грижа во нашата општина и регионот кој што го опслужуваме. Со оваа современа и софистицирана метода ќе се овозможи минимално инвазивна дијагностика и третман, побрзо и побезболно закрепнување, прецизност во откривање и отстранување на туморски формации и септуми во матката, и услуги кои досега не биле достапни во Охрид.

-Како в.д. Директор на ЈЗУ ОБ Охрид, особено сум горд што нашиот тим од ова одделение од каде што и самиот доаѓам, започнува да работи со нови методи кои за прв пат се воведуваат во нашата болница и кои на пациентките ќе им овозможат поквалитетна и побрза здравствена услуга – дома во својата општина, без потреба од упатување во други здравствени центри. Исто сакам да го истакнам и економскиот аспект и оптоварување од кое ќе бидат ослободени нашите пациентки, кои што за ваков тип на интервенции одвојуваа големи средства по приватните болници или пак беа дел од долги листи на чекање во терциерните здраствени установи, а сега истите ќе им бидат достапни само по основ на платена партиципација, истакна В.Д. Директорот на болницата спец. гинеколог и акушер Д-р Горан Маркоски.

Во соопштението од болницата се вели дека продолжуваат да вложуваат во модернизација на здравството и здравствените услуги и подобра грижа за пациентите.