Skip to main content

Ќе се воведува ред во пловниот сообраќај на Охридското езеро

Охридското Езеро треба да добие обележан пловен пат, по кој ќе се движат бродовите, глисерите и другите пловни објекти.

 |  Голабовски Крсте  | 
kajcinja
кајчиња

кајцинјаОхридското Езеро треба да добие обележан пловен пат, по кој ќе се движат бродовите, глисерите и другите пловни објекти.
 
За таа цел Министерството за транспорт и врски преку Електронскиот систем за јавни набавки, деновиве објави Јавен оглас, за изработка на проект за обележување на езерската површина со поставување на пливачки направи. Вредноста на оваа јавна набавка изнесува околу 2.500 евра или точно 150.000 денари.

Освен јавниот повик за изработка на проект за пловен пат, Министерството за транспорт и врски објави и јавен повик за изработка на проект за обележување на пристаништа, пристапни мостови и платформи на Охридското Езеро за потребите на Капетанијата во Охрид. Проценетата вредност за изработка на овој проект е 150.000 денари.

{loadposition content9}