Возач од Гостивар фатен со 1,96 промили алкохол на Кеј Македонија во Охрид
Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и му биле одземени возачките документи. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Возач од Гостивар бил затекнат со 1,96 промили алкохол во крвта при сообраќајна контрола во Охрид.
На 27 септември 2026 година, во 01:34 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај запреле патничко возило „БМВ“ со словенечки национални ознаки. Со возилото управувал 66-годишен жител на Гостивар, кај кого при извршеното алкотестирање биле констатирани 1,96 промили алкохол во крвта, информираа од СВР Охрид.
Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и му биле одземени возачките документи. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




