Возачите на патот во изградба Охрид – Скопје возат пребрзо што е причина за сообраќајни несреќи
Возачите на патот во изградба Охрид – Скопје возат пребрзо што е причина за сообраќајни несреќи.
Сообраќајните полицијци од СВР Охрид на патниот правец Охрид Скопје кај Подмоље на возачите им делеа флаери со препораки за внимателно возење. Возачите најчесто на овој патен правец возеле повеќе од дозволеното и се преценувале можностите на возилото и возачот. Учесниците во сообраќајот ја поздравија ваквата акција и веруваат дека ќе има ефект.
Проектот „Вози одговорно животот е во твои раце“ го спороведе општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот во соработка со СВР Охрид. Целта на ваквото предупредување на возачите е да се намалат сообраќајните несреќи, посочува претседателот на општинскиот совет за безбедност Стефан Димоски кој се реалзираше во близина на Подмоље..
„Не случјано смe тука и го реалзираме овој проект. Тукa се одвиваат градежните работи за изгрaдбa на патот по магистралата кон Кичево. Ги потсeтуваме возачите максимално да внимаваат и да се придржуваат на законските прописи и да ги почитуваат правилата, вертикалната и хоризонталната сигнализација посебно на овој патен потег бидејќи патот е во изградба и се случија неколку несреќи. Во пресрет на шпицот на летната сезона сакаме да се подигне сообраќајната култура и степенот на безбедност кај возачите, да внимваата на личниот живот и на другите ученици во сообраќајот“, напоменува Димоски.
Статистиката покажува дека за два месеци јуни јули на патниот правец кој е во изгардба Охрид Кичево Скопје се случиле 61 сообраќајна несреќа.За шест месеци во оваа година имало две човечки жртви. Минатата година пак во истиот период се случиле 72 сообраќајни несреќи, а за шест месеци лани едно лице го загубило животот. Последниот податок во полицискиот билтен е за вчерашната сообраќајна незгода која се случи на влезот во градот во близина на бензинската пумпа на „Лукоил“ каде возило „Фолксваген“ удри во билборд, при што е повредено едно лице.
Главна причина за несреќите е непочитување на сообраќајните прописи и пречекорување на брзината на движење.