Skip to main content

Возел 188 км/ч на патот Кичево–Охрид: Уапсен 29-годишник од Мешеишта

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 

 На 4 јануари 2026 година, во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај селото Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 29-годишно лице од селото Мешеишта, Општина Дебарца, со престој во Германија.

При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило марка „Ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од СВР Охрид.