На 17.07.2022 во 07:35 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Врбјани и Сливово, општина Дебрца, патничко возило „Бмв” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А.(27) од Гостивар, излетало од патот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, С.З.(21) и малолетен сопатник, двајцата од Гостивар, констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи – информираат од СВР Охрид.