Skip to main content

Возило излетало од патот кај „Андон Дуков“

На 28.11.2021 година во 14.50 часот, на регионалниот пат помеѓу селото Подмолје и влез за автокампот „Андон Дуков”, патничко возило „Ландровер”, со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(76) од Струга, излетало надвор од коловозот. 

 |   | 
Полиција

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката С.Т.(75) од Струга, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо”. Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа од СВР Охрид – информираат од СВР Охрид.