На 04.08.2022 година околу 05 часот, кај месноста „Бел мост”, атар на селото Волино, општина Дебрца, Е.Ф.(21) од Кичево, управувајќи патничко возило „хонда акорд” со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.О.(24) со привремен престој во Швајцарија, констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.