Skip to main content

Атар на селото волино

Возило излетало од патот кај Бел мост

21-годишник од Кичево со своето возило излетал од патот кај месноста „Бел мост“. Неговиот сопатник се здобил со тешки телесни повреди.
 |  инфодеск  | 
Полициска сирена

На 04.08.2022 година околу 05 часот, кај месноста „Бел мост”, атар на селото Волино, општина Дебрца, Е.Ф.(21) од Кичево, управувајќи патничко возило „хонда акорд” со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.О.(24) со привремен престој во Швајцарија, констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.