Skip to main content

Сообраќајна несреќа

Возило излетало од патот кај Велгошти

18-годишен охриѓанец се здобил со тешки телесни повреди откако со возило излетал од патот кај охридското село Велгошти.
 |  инфодеск  | 
полициска лента

На 18.04.2022 година во 18.30 часот на улицата „Манастирска” во охридското село Велгошти, патнички автомобил „Митсубиши” со бугарски регистарски ознаки, управуван од К.К.(18) од Охрид, излетал од патот.

Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Охрид. Увид на местото извршија полициски екипи – информираат од СВР Охрид.