Skip to main content

28 февруари ден на ретки болести

Вработените во ООУ Св. Климент Охридски со поддршка за ретките

Ако сонуваме сами, сонот останува само сон, но ако сонуваме заедно, еден ден сонот ќе стане реалност, гласи пораката на вработените во ООУ „Св. Климент Охридски“.
 |  инфодеск  | 
ООУ Св. Климент Охридски

Во знак на поддршка на лицата со ретки болести, вработените во ООУ ,, Св. Климент Охридски” – Охрид и директорот на училиштето Јордан Пуроски, ги обоија своите раце во боите на ретките болести.

Тие испраќаат порака дека не треба да ги нагласуваме различностите туку заедно да изградиме подобра училишна средина и да го направиме училиштето подобро место за сите нас.

Ако сонуваме сами, сонот останува само сон, но ако сонуваме заедно, еден ден сонот ќе стане реалност – гласи пораката на вработените во ООУ „Св. Климент Охридски“.