Skip to main content

Нови вработувања во Центарот за култура „Григор Прличев“

Директорката на центарот Драгана Боцевска вели дека овие вработувања добро ќе им дојдат затоа што веќе подолго време кубурат со технички персонал.

 |  Јаковлева Лионела  | 
centar za kultura
центар за култура

Во Центарот за култура Григор Прличев ќе има десет нови вработувања. Тие ќе се реализираат преку владиниот проект за вработување на социјално загрозени лица или лица од ранливите групи.

Овие вработувања добро ќе ни дојдат затоа што веќе подолго време кубуриме со технички персонал бидејќи дел од врботените си заминаа во пензија, вели директорката на центарот, Драгана Боцевска. Таа додава дека со новите вработување би требало да се надмине и проблемот во театарот. театар

Како што веќе е познато во два наврати беше откажан почетокот на театарската сезона. Директорката кажува дека како објаснување кое го добила од страна на раководителот на театарот, Горан Стојаноски за неодржувањето на претставата Сон на летната ноќ, со која требаше да започне новата сезона, било откажувањето на соработката на надворешните членови. Затоа таа објаснува дека сега откога ќе се вработи новиот технички персонал не ќе има можност за да се доведуваат до вакви несакани ситуации.  

Но, по се изгледа дека немањето кадар е само еден од проблемите со кои се соочува театарот. Не беше одржана и преставата Емигранти која е камерна престава и која не е технички сложена и не бара дополнителен технички персонал. По се изгледа позади образложенијата кои се пласираат во јавност, а кои многу често не се логични се крие нешто друго. Боцевска вели дека сеуште чека раководителот на театарот да се изјасни што е вистинскиот проблем што постојано ги одлагаат претставите.

Досега немам никаково образложение зошто се одлагаат преставите. Крајно време е да се седне на маса и да се реши проблемот доколку го има бидејќи овој однос е несериозен према сите а најмногу према публиката, вели Боцеска.

Не е исклучена и можноста актерите да имаат интенција театарот да се издвои од рамките на Центарот за култура. Боцевска потенцира дека во овој момент нема реална можност за тоа бидејќи условот поставен од Министерството за култура при отварањето на охридскиот театар бил тој да функционира во рамките на центарот. Таа додава дека засега отцепувањето доколку е нечија желба е само пуста желба.

Инаку, Министерството за култура е запознаено со случувањета во  Центарот за култура „Григор Прличев“ и охридскиот театар и изнаоѓа мерки како да се надминат проблемите на задоволство на сите, а најмногу на задоволство на охридската публика која остана покуса за едно театарско уживање.

{loadposition content9}