Skip to main content

Врачена донација од специјални над душеци за неподвижните лица на геријатрија

Подарокот насловен како од „Грѓаните за највозрасните“ е донација од ЈП Билјанини извори. Од одделението при Општа болница напоменуваат дека постојано ги подобруваат условите за нега на пациентите на одделот, а во тоа им помагаат често пати и други хумани поединци и клубови.

 |  Валентина Неловска  | 

Донација од 6 над душеци антидекубитални за потребите на неподвижни лица подари ЈП Билјанини извори за геријатриското одделение при Општа болница. За потребите на одделението, покрај душеците ЈП обезбеди и две ПВЦ врати. На лицата кои престојуваат тука им подарија и овошје за престојниот празник Божик. Како општествено одговорно ова јавно претпријатие, со својот хуман гест им ја честитаа Новата година со желби за подобро здравје на пациентите сместени на овој оддел, вели Гордана Јованоска, директор на  од ЈП Билјанини извори.

„Од минатата година почнавме со еден проект од Граѓаните за граѓаните. Овој пат го насловивме од Граѓаните за највозрасните згрижени во Општа болница на одделението на геријатрија доделувајќи им 6 специјални над душеци“, вели Јоавсоска.


На оваа одделение е сместена пациентката Ружица Вејселоска која изрази благодарност до медицинскиот тим и хуманите луѓе кои се грижат за сите нив.

„Многу ни е добро тука. За Нова година имавме прослава. Се што сме побарале ни овзоможуваат, ни помагаат сите медицински лица. Среќни сме“, вели Вејселоска.

 

Д-р Јасмина Грозданоска од името на персоналот на одделението се заблагодари на хуманиот потег од ова ЈП. Напоменува дека постојано се трудат да ги подобруваат условите за нега и престој на пациентите на нивниот оддел, а во тоа често им помагаат и хуманитарни клубови и поединци.

Имаме донации од наши граѓани кои работа во странство. Конкретно од Америка и Швајцарија. Имавме голема донација од плочки и опремување на две соби со Пвц дограма“, напоменува д-р Грозданоска.

Геријатрискиот оддел при Општа Болница Охрид располага со сместувачки капацитет за 32 пациенти. Во моментот на геријатрија има 26 пациенти кои добиваат секојдневна медицинска грижа и нега.