Skip to main content

Тече втора постапка за враќање во Македонија на украдените икони пронајдени во Тирана

Земјава се обидува да ги врати 36 те украдени икони од македонските цркви пронајдени во Тирана. По првата успешна постапка кога од Албанија беа вратени 20 идентификувани икони,  тече втората. Вратените икони се во процес на конзервација.
 |  инфодеск  | 

Во тек е постапка за враќање на  36-те украдени икони од земјава пронајдени во Албанија. По првата успешна реституција, кога  беа вратени   20  икони, тече  втора,  за  иконите, кои албанската полиција ги заплени во април 2022 година во Тирана. 

Станува збор за непроценливо културно историско богатство, кое земјава прави напори  да го врати дома.

-Да, еден дел од тие икони кои беа однесени пред 20 години, дел се вратени, а дел до прва треба да ги вратиме, тоа е сет тековно, процедурата е отворена и мислам дека за скоро време и тоа ќе го завршиме. вели Сашо Цветкоски од Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ.

Од истражувачкиот центар велат досега само во депото на Тирана се идентификувани вкупно 56 икони во сопственост на земјава, но не е направен увид во депоата  во другите албански  градови.

-Не ни е достапно депото во Берат, депото во Корча.  Она што успеавме да видиме во  Тирана, овие резултати од Тирана се. Е, сега да видиме ако и таму можеме да најдеме, бидејќи тие икони кои се откреани од властите во Албанија, тие  се дислоцирани на неколку локалитети и допрва ни престојат истражувања во смисла на идентификација, на она што може да биде икона од Македонија, додава Цветкоски.

20-тина  вредни икони  однесени од црквите во селата Радожда, Буринец и Селце, вратени во земјава денес се во процес на конзервација,  нема да ги красат црквите, туку  ќе се чуваат во депото на музеј Македонија.  Од 2008 до 2013 година беа украдени стотици  вредни икони, претежно од струшко-дебарскиот  и реканскиот регион во Југозападна Македонија.

Новинар Соња Рилковска