Skip to main content

Вратата на градскиот базен е затворена

 Вратата на градскиот базен е затворена. Децата кои желно го исчекуваа стартот со часовите по пливање и спортување ќе чекаат до некој нареден понеделник. Измина уште една недела од даденото ветување дека  базените ќе проработат од понеделник 3 јули. 

 |  Валентина Неловска  | 

Двата отворени градски базени и денес не беа наполнети со вода. Влезната врата остана заклучена. Не беше дозволен влез во кругот на базените. Големиот базен е полупразен, а малиот воопшто не е наполнет со вода. Сезоната за капење е веќе почната и во осмиот ден од месец јули базените не проработеа. Се „удавија“ во вода ветувањата од СРЦ дека од 3 јули базените ќе се пуштат во употреба бидејќи подготовките за полнење се при крај.
Телефонски го контактиравме Директорот на ЈП Билјанини извори, Ристе Мишев кој само кратко прокоментира дека базените се полни со вода и ќе почнат со работа од понеделник, без притоа да сподели информации кои се проблемите кои го кочат отварањето на базените.
Сега, децата кои желно го исчекуваа стартот со часовите по пливање и спортување ќе чекаат базените да проработат некој друг нареден понеделник
Инаку, годините наназад, на градскиот базен дневно бараат разладување околу 250 капачи. Најчесто на базен се дечињата со своите родители, баби или дедовци, но има и странци. Во оваа бројка не е вклучен бројот на посетители кои се дел од школите за пливање „Охридски бранови“ и „Делфини 2012“.