Skip to main content

Вратите на црвен крст Охрид се отворени за сите

 Вратите на црвен крст Охрид се отворени за сите.

 |  Валентина Неловска  | 
Anri Dinan
Анри Динан

8 мај во светот се одбележува како меѓународен ден на Црвениот крст.  Сашо Точков, претседателот на ОО на ЦК вели дека во ова неизвесно време се убедени во движењето , значењето и принципите на нивната организација кои даваат потик да се истраат предизвиците на денешното време. Со голем број волонтери помагаат и се стремат да ја шират и развиваат хуманоста кај најмладите.  Вратите на општинската организација се отворени за сите волонтери и хумани луѓе кои сакаат да помогаат, но и за оние кои им е потребна помош, укажува Точков. Кажува  какви se потреби за помош има ранливата категорија на сограѓани.ck

„ Ова време носи големи проблеми. Доaѓаат луѓе од најразлични категории, кои се ранливи и сиромашни, кои бараат храна, за да преживеат. Луѓе кои имаат здравствени пробелми и бараат помош за операции, родители  бараат да се вклучат нивни деца,  кои тргнале по лош пат, па бараат начин да ги поттикнат нивните морални квалитети.“

Светскиот ден на Црвен крст, општинската оргазнаиција денес го одбележа со повеќе настани. Организирана беше изложба на слики од членовите на ликовниот клуб Арс Вивенди. Клубот при оваа организација функционира  веќе 3 години.  Симона Потеска и Александра Паунческа се дел од 8-мината млади сликари кои работат тука, а денес учествуваа со свои слики. И двете талентирани средношколки се задоволни од посетата на клубот каде што се дружат и учат повеќе за оваа уметност.

 „Најмногу не привлекува дружењето и забавата  што ја имаме додека цртаме. Имаме можност да учиме нови техники на сликање“, велат талентираните ученичи.

За децата од предшколските установи беше организиран отворен Инфо ден во рамки на кој беше прикажан филм за Анри Динан оснивачот на ЦК, роден на овој ден пред 186 години во Швајцарија.   

На бистата на Анри Динан пред седиштето на општинската организација на црвен крст,  претставници од организацијата и Локалната самоуправа,  положија свежо цвеќе.

{loadposition content9}