Почесниот Конзулат на Република Србија со седиште во Охрид и општествено одговорниот сограѓанин Михајло Филев донираа вредна донација на ЈОУДГ ˶Јасна Ристескa”- Охрид.
Обезбедени се 15 интерактивни или сензорни табли и дидактички материјали за децата со посебни потреби и говорни нарушувања кои ја посетуваат градинката.
“14 интерактивни табли ќе бидат поставени во холовите на градинката и во објектите во просторни услови, за пристап да имаат сите дечињата, а најголеми придобивки имаат децата со посебни потреби.” – велат од ЈОУДГ Јасна Ристеска.
Интерактивните, сензорните табли во најразлична форма служат за најразлични активности и тоа за развивање на фината моторика, визуелната и тактилната перцепција, координација око-рака и развивање на когнитивните способности кај децата.
За дефектолошко-логопедскиот кабинет е обезбедена сензорна табла и додатни дидактички материјали кои играат голема улога во развојот на децата.
“Сезнорната табла, моторичката коцка, торбичките со активности, ротирачкиот мултифункционален проектор, пинцетите во боја, геометриските форми со врвки се од голема значајност за децата со посебни потреби и говорни нарушувања.” – посочуваат од градинката.
Оттаму изразија јавна благодарност до почесниот конзулат на Република Србија со седиште во Охрид и општествено одговорниот граѓанин Михаило Филев за несебичната поддршка и соработка како и до Општина Охрид и Градоначникот Кирил Пацаков, Секторот за образование кои ја поддржаа ова донација.